6.8 C
Скопје
04:24 - 31 март, 2026

Убиецот на Шинзо Абе напишал писмо непосредно пред атентатот на поранешниот јапонски претседател, еве што навестувал

Атентаторот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, 41-годишниот Тецуја Јамагами, наводно напишал писмо непосредно пред нападот, во кое навестил за неговите планови.

Според весникот „Јомиури“ во неделата, маж кој живее во Јапонија ја пронашол пораката во своето поштенско сандаче по убиството, критикувајќи ја верската организација „Црква на обединување“, која Јамагами ја обвини за финансиската пропаст на неговото семејство.

Ковертот не го содржи името на испраќачот, но внатре имало договор помеѓу неговата мајка и Црквата на обединување, во кој меѓу другото биле вклучени името и адресата на Јамагами. Тој напишал дека не го смета Абе за „вистински непријател“, но тој, според него, „е еден од највлијателните луѓе кои сочувствуваат“ со верската организација, која убиецот ја смета за причина за проблемите на неговото семејство. Според истрагата, Јамагами сакал да предизвика критики на Црквата на обединување со убиството на екс-премиерот, пренесува новинската агенција тасс.

Самото писмо било испечатено на печатачач, а не рачно напишано. Според поштенската марка, убиецот ја испратил пораката на 7 јули од Окајама Сити додека бил на пат кон местото на говорот на Абе. Потоа влегол во салата, но не можел да се доближи до експремиерот и решил да го одложи обидот за атентат. Човекот кој го примил писмото има онлајн блог кој ја критикува Црквата на обединување. Тој не го познава убиецот, но во пораката во писмото пишува дека Јамагами го прочитал неговиот блог. Мажот го пронашол писмото во своето поштенско сандаче на 13 јули, односно пет дена по нападот.

Мајката на убиецот донирала повеќе од 100 милиони јени (повеќе од 720.000 долари по тековниот курс) на Црквата на обединување во текот на нејзината долга посветеност на организацијата, објави претходно Kyodo. Првично Јамагами планирал да го нападне поглаварот на оваа верска организација, но сфаќајќи дека тоа ќе биде проблематично, го избрал Шинзо Абе за своја цел. Според убиецот, екс премиерот бил поврзан со организацијата – релевантните информации ги нашол на Интернет. Црквата на обединување официјално негираше каква било вмешаност на Абе во нејзините активности.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....