7.8 C
Скопје
21:46 - 30 март, 2026

Убавата манекенка проговори зошто го оставила Борис Бекер: „Не можев да ги поднесам неговите лаги и лошиот карактер“

Поранешната холандска манекенка Ширли Лили Бекер (47) во интервју за Билд проговори за бурната врска со Борис Бекер (55) и тврди дека шесткратниот победник на Грен слем турнирите сакал да ја уништи. Таа го нарече Бекер „нарцисоиден егоист“, тврдејќи дека за време на нивната врска тој постојано бил неверен.

– Го оставив во 2018 година и никогаш нема да ми прости, оттогаш тој сака да ме уништи. Никогаш не сум се чувствувала толку грдо, старо и непожелно, вели поранешната манекенка.

Потоа решила да оди на Ибица и да се обиде да го заборави Бекер.

-Ја пробав секоја печурка, секој алкохол, секоја дрога на Ибица. Не можев да се опијам доволно за да го заборавам, признала таа.

Таа во интервју за Билд, раскажа и дека останала без пари, но дека сепак отпатувала на Ибица.

– Тој е навикнат да управува и да манипулира со другите. Но, нема да му дозволам да ме замолчи, дури и ако повторно дојде по мене со своите адвокати. Го оставив затоа што повеќе не можев да ги поднесам неговите лаги и лошиот карактер. Не добив одговори на моите прашања… Тој едноставно повеќе не се однесуваше добро со мене, вели манекенката која била во брак девет години со Бекер од 2009 до 2018 година и со кого таа го има синот Амадеус.

 

 

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....