18.8 C
Скопје
13:24 - 13 март, 2026

Трогателна последна желба на Ален Делон: „Сакам да заспијам со моите кучиња“

Легендарниот глумец Ален Делон, почина на 89-годишна возраст, по долго и тешко боледување.

Погребот на Ален Делон ќе биде извршен во наредните денови на приватна церемонија, како што соопшти неговото семејство. Децата на актерот ја изразија својата тага преку соопштение, но се уште се борат меѓусебе за наследството на актерот.

„Сакам да се одморам со моите кучиња“, една од најличните и најтрогателните аспекти на тестаментот на Ален Делон се однесува на неговата желба да биде погребан со своите кучиња.

Актерот отсекогаш имал длабока врска со своите животни, сметајќи ги за неразделни животни сопатници. Во едно интервју, тој јасно ја кажа оваа желба:

– Сакам да бидам погребан со моите кучиња. Не ми е гајле за ништо друго, само сакам да бидам со нив. Тие беа единствените кои ме сакаа безусловно, секогаш покрај мене, не барајќи ништо за возврат – рекол актерот, а пренесува Декрипто.

Делон стави до знаење дека има приватни гробишта на својот имот во Швајцарија, каде што се закопани сите негови кучиња. За него, идејата да биде погребан до нив претставуваше продолжување на врската која не сакаше да ја прекине ниту со смрт.

– Нема почиста љубов од кучешката љубов. Тоа е врска што го надминува животот. Сакам да бидам со нив, бидејќи со нив ја запознав вистинската љубов.

Слични објави

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо

(Фото) Водителката Милена изненади: Овој човек е нејзината сродна душа

msp-admin

(Фото) Азис си ги покажа новите гради по операцијата: „Сега одам гордо, навистина се чувствувам посебно“

Еспресо

Животот е убав: Пере од „Нокаут“ сподели редок спомен за Кили

msp-admin
Се вчитува....