13:00 - 12 ноември, 2026

Трамп не плаќал данок во последната година од мандатот – доказ се даночните пријави објавени денеска

Комитетот за буџетни расходи на Претставничкиот дом денеска ги објави даночните пријави на поранешниот претседател Доналд Трамп од 2015 до 2020 година. Ова е завршница по повеќегодишните напори на експретседателот да спречи обнародување на неговите даноци.

Комитетот, предводен од демократи, минатата недела изгласа обнародување на даночните пријави на Трамп во две редактирани верзии, поради некои лични чувствителни информации, како што се броевите на социјалното осигурување и банкарските сметки. Една е од Комитетот, а друга од заедничкиот Комитет за оданочување, со напомена дека американската Управа за јавни приходи (ИРС) не вршела ревизија на даноците на Трамп во првите две години од неговото претседателствување.

Чекорот да се објават даноците на Трамп доаѓа кратко време пред Претставничкиот дом да биде преземен од страна на републиканците идната недела.

Од Комитетот за оданочување соопштија дека поранешниот претседател воопшто не плаќал даноци во 2020, неговата последна година од претседателскиот мандат. Во 2017 година Трамп платил вкупно 750 долари данок на доход, додека за 2018 и 2019 година платил вкупно 1.1 милион долари данок на доход.

Даночните пријави за шест години на поранешниот претседател се достапни на веб-страницата на Претставичкиот дом на САД. Содржани се повеќе компаниски ентитети, но не сите.

Во објавата се вели дека Трамп бил поврзан со повеќе од 400 разни ентитети вклучително и добротворни организации и фондации, корпорации со ограничена одговорност и партнерства.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....