2.8 C
Скопје
20:26 - 18 февруари, 2026

Топ 3 славни убавица од Индија кои магепсуваат и со талентот за глума

Долга е листата на индијски убавици кои светот го ставиле под свои нозе, но овојпат ви претставуваме три неверојатни жени Индијки, сите три успешни глумици.

3. Дипика Падуконе

Родена е во 1986 година во Данска, но таа е „заколната“ Индијка и секаде го промовира своето индиско потекло и националзност.

Оваа убавица – глумица ги освои срцата на фановите ширум светот и секогаш – со секое нејзино појавување или глума – одново и одново ги „збудалува“ своите обожаватели кои секаде ја следат, а многу од денешните девојки и ја имитираат.

Ја памтиме по нејзините извонредни изведби во филмови како Падмаават, Пику, Баџирао Мастани, Тамаша и неколку други. Оваа дама со насмевка од милион долари неодамна глумеше во холивудскиот филм xXx: Return of Xander Cage.

Покрај нејзината актерска кариера, Дипика е многу гласна за прашања поврзани со депресијата и зајакнување на жените, а исто така води и фондација за ширење на свеста за менталното здравје наречена The Live Love Laugh Foundation.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deepika Padukone (@deepikapadukone)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deepika Padukone (@deepikapadukone)

2. Прајанка Чопра

Родена е во 1982 година во Џамшедпур, Индија, а денес е славна актерка.

Добитничката на титулата Мис на светот во 2000 година, Пријанка Чопра го освои светот прво со неверојатната убавина, а потоа и со големиот актерски талент. Таа се здоби со популарност дури и на Запад со нејзиното шоу Quantico.

Соработува и со Холивуд, а глумеше и во бпопуларниот Бејвоч.

Сопственичка е на бројни престижни награди, а лани беше почестена и со Падма Шри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Priyanka (@priyankachopra)

1.Ајшварија Раи Бачан

Ајшварија Раи Бачан е меѓу убавите жени во Индија. Родена е во 1973 година во Мангалор, Индија
Се чини дека Ајшварија Раи никогаш не престана да биде убава, од млада до сега кога има 50-на години.

Таа отсекогаш успевала да изгледа неверојатно! Но толку е горда на својата земја, што секогаш останала во Боливуд, одбивајќи важни и големи улоги во холивудските филмови. Многумина ја споредуваат со Анџелина Џоли, но Ашварија има многу поскромно однесување и навистина – пораскошна е.

Победи на изборот за Мис на светот во 1994 година и оттогаш се етаблираше како една од највлијателните и најславните актерки во Индија. Таа често се смета за една од најубавите жени на светот!

Слични објави

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.

Малечко девојче го украде шоуто на концертот на Нина Бадриќ: Ѝ даде неочекуван подарок

Еспресо

Јелена искрено проговори за почетоците со Слоба Радановиќ: Имав анксиозност, не верував дека постојат такви лудаци

Е.А.

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо
Се вчитува....