20:15 - 8 април, 2026

Том Круз и Русинката Кајрова под ист кров во Лондон, во стан „тежок“ десет милиони фунти: Децата на Круз среќни што татко им нашол љубов

Холивудскиот актер Том Круз и руската богаташка Елина Кајрова се уште ја држат врста во строга приватност.

Според пријателите блиски на двојката, Круз и Кајрова особено се зближиле последниве недели, а холивудската ѕвезда често ноќева во нејзиниот раскошен стан од 10 милиони фунти во Најтсбриџ, Лондон.

Парот дури присуствуваше заедно и на настанот Лондонс еар ембјуланс, организиран од добротворна организација, каде што се дружеа со членовите на кралското семејство, вклучувајќи го и принцот Вилијам.

„Во кругот на Елсина е добро познато дека таа и Том сега се предмет на зборување“, открил извор близок до парот. „Тие многу се зближија во изминатите неколку недели, но многу внимаваат да не бидат фотографирани заедно бидејќи сакаат да ја задржат својата приватност“.

И покрај статусот на ѕвезда од А-листата, Круз и Кајрова се чини дека уживаат во едноставните задоволства на животот, често вечерајќи во ексклузивни ресторани во Лондон и лежерно шетаат низ Хајд Парк – иако „маскирани“ за да избегнат несакано внимание.

Романсата на двојката првпат стана предмет на зборување кога тие го направија своето јавно деби на забава во декември, при што извори ексклузивно рекоа за Us Weekly дека тие тајно се забавуваат „веќе некое време“.

Најстарите деца на Круз, Изабела и Конор, наводно ја поддржуваат врската и се воодушевени што гледаат дека нивниот татко повторно нашол љубов.

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо
Се вчитува....