3.8 C
Скопје
03:43 - 17 март, 2026

Тоа се маки големи: Ребека емотивно раскажа каков е навистина животот на родителите на деца со посебни потреби

Пејачката Ребека Јанковска-Ристески се отвори за маката што ја имаат лицата со посебни потреби и нивните семејства, и сподели статус од Зоран Михајлков од Штип кој се соочувал со навреди поради неговиот син, кој е дете со аутизам.

-Тажната приказна на семејствата, лицата со аутизам. И да, децениска борба за промени за подостоинствен живот за нив и сѐ уште ништо-

Лицата со аутизам се дискриминирани и игнорирани. 90% од семејствата немаат никаква поддршка. Тоа се маки големи за кои можеме да ви раскажуваме, но вие нема да сакате да не слушате зашто нема да биде пријатно да слушате.

Кога ќе слушнете ќе нѐ сожалувате, потоа ќе нѐ потапшате по рамо, ќе ни кажете тоа е судбина и ќе ја завртите главата. Нема да дојдете со нас кога се бориме и протестираме да имаме исти права како и вашите.

Нема да мрднете со малиот прст. Ова посебно се однесува на оние стручни лица кои со години земаат сретства од нас и на кои не им одговара да се решат сите овие големи и долгогодишни проблеми како што треба.

Има и меѓу нив прекрасни луѓе , но тие се исклучок. По кој знае кој пат го пренесувам очајот, крикот на овој човек и сите родители кои како него се осудени да пропаѓаат физички, психички, финансиски…

Знам вие кои седите во фотелјите со години не ве допира ништо и не ви е срам,но барем запрашајте се каде ќе ви оди душата по сите ваши гревови- напиша Ребека и ја сподели маката на Зоран Мијалков која можете да ја прочитате ТУКА.

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....