02:40 - 13 април, 2026

Тијана Дапчевиќ ја откри причината за прекинатото пријателство со Јелена Карлеуша: „Тоа повеќе не е истата Јелена што ја сакав…“

Пејачката Тијана Дапчевиќ откри дека веќе не се дружи со колешката Јелена Карлеуша и дека таа, како што вели, повеќе не е личноста што некогаш многу ја сакала.

Во интервју за „Скандал!“, Дапчевиќ одговори на прашањето што мисли за Карлеуша и зошто нивниот однос е прекинат.

„Таа беше некој кој во еден момент го измисли шоу-бизнисот, некој што можеше да биде ‘ѓаволски добар’, но сега веќе не е,“ изјави Дапчевиќ.

На прашањето зошто, Дапчевиќ додаде: „Затоа што тоа повеќе не е Јелена што ја познавав. Од одамна не е. Имав прилика да се дружам со неа пред многу години и многу ја сакав“.

Пејачката призна дека почувствувала голема промена во нејзиното однесување: „Верувај, многу ја сакав, но мислам дека се случи ‘доктор Џекил и господин Хајд’. Немам емоција веќе, навистина немам емоција кон неа“.

Тијана додаде дека нема проблем еден ден да разговара со Карлеуша ако се сретнат, но смета дека повеќе не постои истата блискост: „Не ми е тешко да поразговарам со неа, но тоа не е тоа – едноставно немам емоција“.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....