11:30 - 5 декември, 2025

Тегобни 16 години од смртта на Тоше Проески: Сакал да биде лекар, но музиката „пресуди“

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“-се зборови на Тоше Проески кои и денес живеат во срцата на неговите верни обожаватели ширум регионот.

Тоше загина во сообраќајна несреќа недалеку од Нова Градишка, Хрватска, пред точно 16 години.

Тоше уште како мал се интересирал за музика, а веќе на десет години, на еден од првите настапи ја отпеа Аве Марија и ја остави публиката без здив. На 15 години учествува на фестивалот Макфест, а веќе на 16 години започнува музичка соработка со Григор Копров. Се покажаа како добитна комбинација бидејќи Проески набрзо стана еден од најголемите изведувачи на регионалната музичка сцена.

Студираше пеење и беше еден од најдобрите студенти, а наскоро неговата публика се броеше во милиони, во сите земји на поранешна Југославија.

Тој се проби на хрватскиот пазар во 2004 година, благодарение на соработката со Тони Цетински и песната „Лагала нас мала“, а станува сè попопуларен со објавувањето на албумот на хрватски јазик Дан за нас.

Имаше големи хитови во дуети со Гоца Тржан, Есма Реџепова и Антонија Шола.

Љубовта кон уметноста Тоше ја наследил од татко му Никола. Татко му по занает е клесар и го следел синот од почетокот на неговата кариера. Неговата слава ја гледал како најубавото нешто што му се случило во животот. Никогаш не тврдеше дека Тоше ќе го достигне врвот, едноставно зборуваше „ова е Божјо дете“.

„Како дете сакаше да биде доктор, но подоцна музиката влезе во неговиот живот“, рече своевремено Никола Проески.

Тоше во последното интервју за македонската телевизија си ја отвори душата. Тој објасни дека најмногу концерти и настапи има во Хрватска. На секој концерт, призна, има свој мал ритуал. Потоа јавно ги поздравувеше мајка си, татко му и пријателите.

„Би сакал малку да се тргнам од се, но не можам. Машинеријата ме стави, како што се вели, во бубањ и готово. Нема враќање. Барам враќање од секојдневните интервјуа, од шминкањето, од симнувањето шминка, од пакувањето. Од се ми е “до тука“. Ми пречи се. Сакам, а не можам, да одам на вечера или на пазарење“ откри тогаш.

На последниот концерт во 2007 година, на градскиот стадион во Скопје се собраа неколку десетици илјади луѓе, кои во еден момент спонтано почнаа да ги палат своите мобилни телефони и така создадоа, на радост на Тоше, „ѕвездено небо“.

„Вклучете ги телефоните, повторно направете ѕвездено небо! Не можам да ви опишам како изгледа од сцената, ја сакам сликата на оваа убавина. Ѕвезденото небо никогаш да не згасне! Ова е неописливо”, рече тогаш Тоше од сцената.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....