12:48 - 2 јануари, 2026

Теа Таировиќ си ги кажа желбите за 2026 година: „Мајчинството е најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена“

Теа Таировиќ

2025 година ќе остане запаметена како уште една пресвртна година во кариерата и приватниот живот на Теа Таировиќ, една од најпопуларните пејачки во регионот. Иако нејзиниот подем трае веќе неколку години, токму изминатата година дополнително ја зацврсти нејзината позиција како доминантна фигура на балканската музичка сцена.

Со два нови албума, вкупно 19 песни и дури 18 видеоспотови, како и стотици концерти распродадени месеци однапред, Таировиќ ја заокружи една од најинтензивните и најуспешни години во својата кариера.

„И повеќе од доволно – и јас сум благодарна на сè“, вели пејачката, осврнувајќи се на професионалните резултати што, како што признава, ги надминале и нејзините сопствени очекувања.

Покрај сценските успеси, 2025 година за неа беше особено значајна и на лично поле. Свадбата со партнерот Иван ја опишува како момент исполнет со силни емоции и позитивна енергија.

„Тоа беше посебен миг полн со емоции и позитивни вибрации. Сакав тој момент да трае засекогаш“, искрено споделува Таировиќ.

Најголемиот предизвик, како што истакнува, бил како да се вклопи сè во рамките на една година.

„Ако зборуваме за кариерата, 2025 беше најбурна, најкомплексна, но и најубава и најпозитивна година во мојот живот“, вели таа, додавајќи дека одлуката да објави два албума во една година била тешка, но вредна.

„Беше напорно, но радоста што ја споделив со публиката нема цена“.

Освен професионалните цели, пејачката работела и на личен баланс.

„Сакав што помалку да се нервирам, да го исфрлам сето лошо и негативно од моето опкружување и да останам своја“, вели Таировиќ, уверена дека во тоа успеала.

Кога ќе се наврати на изминатата година, првата асоцијација ѝ е – убавина.

„Поминувам низ 2025 и мислам само на убавото. Единствено што ми недостасуваше беше повеќе слободно време за најблиските“, признава таа, откривајќи дека токму тоа е и нејзиното главно ветување за 2026 година – повеќе време за семејството и пријателите.

Иако не сака да се оптоварува со бројки и споредби, Таировиќ признава дека ѝ значи успехот на стриминг-платформите.

„Трендинг-листите не се само бројки, туку целосна импресија што песната и спотот ја оставаат кај публиката“, вели таа, нагласувајќи дека искреноста е клучот на нејзиниот успех.

За музичките експерименти и различните реакции на публиката, Таировиќ има јасен став: „Јас создавам по чувство, по момент и инспирација. Публиката е таа што на крај суди, а нивните реакции ми се најважни“.

Кога станува збор за иднината, пејачката не брза со големи животни одлуки.

„Мајчинството е најубавото нешто што може да ѝ се случи на една жена, но кога ќе се случи – ќе се случи“, вели таа.

Во 2026 година влегува со појасна визија и внатрешен мир, убедена дека зрелоста доаѓа со искуството.

„Со годините учите да го тргнете лошото, да го зачувате доброто и да најдете баланс. А љубовта – таа е клучна работа во мојот живот“, заклучува Таировиќ.

Нејзината новогодишна порака е едноставна, но суштинска: „Вистинската форa не се луксузните работи, туку да се разбудите здрави, никому ништо да не должите, да го работите она што го сакате и да имате време за луѓето што ги сакате.“

Слични објави

(Фото) Холивудски изглед на Маја Панчева со посебен повод

msp-admin

(Фото) Уна Чолиќ во мини и деколте, а дечко ѝ опкружен со трубачи: Вака ја прославија Нова година во Црна Гора

Еспресо

2025 остави трагични лузни: Пеце од „Суперхикс“ си ја отвори душата

msp-admin

Организаторот кого Весна и Ѓоле Ѓогани го обвинија за неисплатен хонорар: „Во итна помош сум, се плашам дека ќе умрам“

Еспресо

(Фото) Ова го доби Слаткар од Сања за Нова година: Изненадување за саканиот

msp-admin

(Видео) Северина со провокативно видео ја откри желбата за 2026 година: „Да се вљубам во некој нормален“

Еспресо
Се вчитува....