11.8 C
Скопје
21:16 - 4 октомври, 2026

(Фото) Таткото на бебето ги посетил, но Едита сама ја одгледува ќерката – пејачката ги покажа првите денови дома

Пејачката Едита Арадиновиќ, која на 22 јули во државна болница во Белград ја роди ќерката Зоја, продолжува со своите следбеници на Инстаграм да ги споделува искуствата од првите денови на мајчинството.

Уште за време на бременоста, Едита откри дека се разделила со партнерот, кој е татко на девојчето, но неодамна сподели дека тој ги посетил и во болницата и подоцна во нивниот дом.

Фото: Скриншот

„Мама, тато и Зоја ви се заблагодаруваат“, напиша пејачката покрај фотографиите направени пред заминувањето од болница, на кои се гледа таткото на бебето, како и подароците што ги добила.

Фото: Скриншот

Мајката и малата Зоја сега веќе една недела се дома, а Едита редовно објавува моменти од нивното секојдневие и открива како се снаоѓа во новата улога.

„Ја преживеавме првата ноќ Зојка и јас. Мислев дека ќе ме заобиколи, но baby blues фазата ме уништи – ем око немам склопено, ем бевме сами, ем конци, измолзување, перење, дигање. Но тоа е, така си сакав“, искрено напиша таа.

Фото: Скриншот

Во една од објавите пејачката покажа дел од својот дом, вклучувајќи ги дневната соба, кујната и детската соба на Зоја.

„Ситуацијата е следна. Не купувам дохрана, ја дојам, Зорица (тоа ѝ е уметничко име) е легендичка, која ми помага и се труди иако е донесена на свет со царски рез“, откри Едита.

Фото: Скриншот

Пејачката призна и дека тешко ѝ паѓа што во моментов не може да им посвети исто толку внимание и на своите кучиња, како што тоа го правела порано.

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....