13.8 C
Скопје
10:01 - 6 октомври, 2026

Татјана Стојановска за љубовта и убавината: За долга врска не е доволна само привлечноста

Татјана Стојановска зборуваше за љубовта, партнерските односи и убавината, откривајќи како гледа на она што е навистина важно за една врска да трае.

Во гостувањето во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, ТВ-презентерката се осврна и на прашањето за физичката привлечност. Според неа, изгледот може да биде пресуден за првиот впечаток и почетокот на една романса, но со текот на времето неговата важност исчезнува.

„На првата средба може да се освојат, нешто да ги привлече, без разлика дали е маж или жена во прашање. Може да трае тоа, некоја романса, да биде интересно, да биде сè. Меѓутоа, ако е на долги патеки, тогаш треба други вредности да се видат, дали луѓето се компатибилни, дали имаат исти интереси, дали се развиваат во иста насока, дали се привлекуваат. Убавината воопшто не е важна. Ни од жената, ни од мажот. Тоа е минлива категорија“, рече Стојановска.

Таа посочи дека начинот на кој жената се чувствува во една врска може значително да влијае и врз нејзиниот изглед, односно врз она што го нарекува внатрешна убавина.

„Жената и таа друга убавина, внатрешна, емотивна и секаква друга, треба и партнерот да придонесе за тоа. Ако тој те прави несреќна, ако не ти дава внимание, ако имате кавги, ако немате некои добри односи и така натаму, тоа ќе се одрази на твојата убавина во секој случај“, рече таа.

Во разговорот беше отворено и прашањето дали убавината на жената може да стане проблем во партнерството поради вниманието што го привлекува од други мажи. Стојановска смета дека тука најважни се личниот став и границите што ги поставува самата жена.

„Таа која е, нели, како што треба, жена на место, нема да дозволи ништо. Така што зошто да биде проблем? Нема да биде, апсолутно“, рече Стојановска.

Водителката ја праша и за нејзината одлука да ги користи двете презимиња. Стојановска на тоа прашање одговорила низ насмевка:

„Па, за да се знае дека жената е мажена“.

Стојановска е во брак со Михаил Китановски, со кого претходно поминала десет години во врска. Се венчаа во јуни 2023 година, точно една деценија откако Китановски ја побарал за жена за време на нивниот прв заеднички одмор во Грција.

Брачната двојка свадбата ја одбележа со интимна прослава во Скопје, во присуство на семејството и блиските пријатели. Стојановска во интервјуа има зборувано и за квалитетите што ја привлекле кај својот сопруг, меѓу кои ги издвојувала неговиот интелект и шарм, но и вниманието, почитувањето и семејните вредности.

Слични објави

Имате јајца и чоколадо? Направете сочен колач без брашно од само три состојки

Еспресо

Хороскоп за 6 октомври: Биковите ги очекува позитивен одговор на работа

Еспресо

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо
Се вчитува....