14.8 C
Скопје
10:11 - 26 октомври, 2026

Синот на покојниот српски пејач Луис откри дека води битка за своето здравје: Сакав да споделам за да ме препознаете без коса и брада

Српскиот музичар Марко Луис, си на покојниот пејач Љубиша Стојановиќ – Луис, објави на социјалните мрежи дека се бори со здравствени проблеми. Тој не ја откри дијагнозата, но неговите следбеници му дадоа поддршка.

Тој изјави дека има нов имиџ поради овој предизвикувачки и инспиративен период од својот живот.

„Пред една година започнав здравствена битка и борбата сè уште не е завршена. Сакав да го споделам ова со вас за да ме препознаете без коса и брада, бидејќи не мислам дека мојата музика и контактот со вас ќе бидат на чекање“, напиша тој.

Понатаму изјави дека наскоро ќе објави видео за песната „Захмет“ и дека неговиот нов албум „Летим“ е „во рерна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Louis (@marko.louis25)

„Ве сакам. П.С. Имав најдобар фризерски тим“, додаде тој.

Пораките за поддршка се излеваат на неговиот Инстаграм профил.

„Поддршката е тука, драги. Да победиш“, „Нека божествената светлина те заштити и те води по твојот пат“, „Талентиран до последно влакно. Со или без коса, музиката очигледно најмногу ти одговара“, се некои од коментарите.

Него го поддржа и Џејла Рамовиќ, која објави емотикон во форма на срце.

Слични објави

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.
Се вчитува....