08:15 - 9 април, 2026

Тајната за младешки изглед на Здравко Чолиќ: „Четири килограми цвекло, кислород во барокомора, риба, ама и сармички…“

Легендарниот Здравко Чолиќ веќе неколку децении доминира на регионалната музичка сцена, а за да може да го направи тоа мора да биде во врвна форма.

Сè уште е полн со енергија на концертите, а таа енергија се должи и на редовните тренинзи на Кошутњак во Белград, каде прави стомачни вежби, и практикува брзо одење.

Самиот Чола своевремено откри дека користи терапија со кислород во барокомора, што е 100 отсто природен начин за намалување на воспаленија, забрзување на заздравувањето на раните и оптимизирање на физичките и менталните перформанси.

Чолиќ (72) е и голем гурман, а тоа го потврди и готвачката во еден познат белградски ресторан кој пејачот често го посетува.

„Тој секогаш нарачува домашни готвени јадења кои се на менито на ресторанот за тој ден. Сака домашни лепињи и погачи кои ги месам. Често доаѓа со семејството, па дури и нарачува храна на телефон, па минува само да ја земе.  Бидејќи тоа е ресторан за домашна храна, нема модерни колачи, но правиме вистински пити, кремпити што ги правеа некогаш нашите баби, како и пити со ореви. Сето тоа многу го сака“, коментира готвачката.

За неговите оброци се вели дека се „вистинска драматургија“ зашто имаат свој вовед, врв и заклучок. Па така поаѓа од аператив, предјадење, главно јадење кое најчесто е риба, а на крајот јаде и десерт и пие чаша од омилениот пијалок. Сепак, Чола како и во се друго, така и во јадењето е умерен. Неговиот детокс пак се сосои од свежо цедени сокови.

„Секој ден цеди по пет килограми портокал и четири килограми цвекло. Вели дека тогаш и соковникот се заморува“, пренесува Боснаинфо.

Чола обожува и сарма, полнети пиперки, но и бифтек кој често сам го подготвува. Омилени спеак, му се истарските специјалитети па често своите одмори ги минува со семејството на Истра.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 9 април: Вагите прават избор што носи мир, Овните конечно добиваат јасен знак

Еспресо

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.
Се вчитува....