7.8 C
Скопје
06:48 - 2 април, 2026

Таа не е само богата наследничка – империјата на Парис Хилтон се проценува на 300 милиони долари

Парис Хилтон докажа дека е една од најтрајните ѕвезди во Холивуд – но колку е богата оваа русокоса наследничка на ланецот хотели Хилтон, пишуваат американските медиуми.

Неверојатното богатство на Парис, се проценува на 300 милиони долари, според Celebrity Net Worth.

Како правнука на Конрад Хилтон, основачот на хотелите Хилтон, оваа среќна девојка е родена во пари.  Нејзините родители, Ричард и Кети Хилтон, го зголемиле наследство со сопствената деловна империја. Нејзиниот дедо, Барон Хилтон, ѝ оставил околу 5,6 милиони долари кога починал во септември 2019 година.

Таа започнала вистински бизнис многу рано. Парис ја лансираше својата линија на разни производи, од козметика, обувки, облека, чанти, очила за сонце, облека за кучиња … Најисплатливи беа парфемите, со кои собра вистинско богатство. Таа досега лансираше 24 од нив и секој беше многу успешен.

Парис Хилтон, како што објави на Инстаграм заедно со сопругот Картер Реум ужива на Малдивите за годишнината од бракот и тоа во семејниот хотел, каде ноќевање чини 2.500 евра.

– Сум била низ целиот свет и на најубавите места, но вакво нешто никогаш не сум видела – напиша поранешната ријалити ѕвезда на Инстаграм.

Познато е дека Парис инвестираше во недвижнини, и е една од највлијателните, а исто така заработува пари преку спонзорски договори.

„Сакам да бидам позната како претприемач, а не како ријалити sвезда. Тоа едноставно не ми звучи добро”, изјави Парис во една прилика.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

 

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....