18.8 C
Скопје
15:56 - 15 март, 2026

Свекорот на Николина Пишек повторно поднесе тужба, сега бара да му врати 800.000 евра што ги позајмил за вилата во Загреб

Минатата година на 8 мај почина Видое Рисотовиќ, историчар на уметност, а тензијата меѓу неговиот татко Миша Гроф и сопругата Николина Пишек се зголемува.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој одлучил да ја тужи поранешната снаа, а како што се наведува, ќе бара од неа да врати 800.000 евра, за кои тврди дека ги позајмил за купување и реновирање на вила во Загреб.

„Миша Гроф реши по секоја цена да си го добие своето и да го собере последниот цент од Николина. Тој се надева дека судот во Србија ќе донесе поинаква одлука од онаа во Хрватска каде побара забрана за пренос на недвижен имот за Николина да не може да ја продаде куќата што таа и Видоје ја купиле додека тој бил жив. Тој неколку пати одел на рочиштата во Загреб, бидејќи не се откажал од тврдењата дека редовно им испраќал пари. Николина негираше дека финансиски и помогнал на неа и на нејзиниот сопруг, но Миша Гроф тврди дека има докази дека е во право“, вели соговорник кој е запознаен со целиот случај пишива српскиот портал Блиц.

Тој ангажирал цел тим адвокати за да ги собере сите докази за судот затоа што навистина се грижи да го добие овој случај. Постојано кажува дека има многу докази во писмена форма, но никогаш никому не ги покажал. Дури и дневникот на Видој, кој неколкупати го спомна, семејството никогаш не го видело, ниту пак некој знае дека неговиот покоен син пишувал белешки.

Миша Гроф на судењето во Загреб не изнесе никаков доказ, поради што судот го одби неговото тврдење – вели нашиот извор, пренесе српски Блиц.

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....