9.8 C
Скопје
19:21 - 12 март, 2026

Сузана Спасовска: Во внуката се гледам себеси, речиси сме исти личности во различно време

Кога ќе се качи на малечкото столче кое ѝ претставува театарска или музичка сцена и пее, ме потсетува на она што мојата мајка ми го има кажувано за моето рано детство“, вели Сузана Спасовска за внуката Клара.

приватна архива

Сузана Спасовска е многу горда на својата внука Клара, од ќерката Теона и зетот Виктор. Откако се роди пред нешто повеќе од две години, Клара е центарот на нејзиниот свет. Фолк-дивата, која е вработена во ансаблот „Танец“ и одржува успешни концерти со колегите е секогаш оригинална, во неколку наврати има кажано дека не сака да биде ничија копија. Онаа што изгледа дека ќе ја наследи таа нејзина музикалност и оригиналност, е токму внуката Клара.

-Клара има две години и пет месеци и е темпераментна, насмеана, интересна, многу музикална и родена глумица. Си пее песнички што ги учи во градинка или од детските програми, и кога сум со неа уживаме кога пееме и играме“, ни раскажа Сузана за времето поминато со својата внука. Секој слободен момент, Сузе и Клара го поминуваат квалитетно.

приватна архива

-Кога ќе се качи на малечкото столче кое ѝ претставува театарска или музичка сцена и пее, ме потсетува на она што мојата мајка ми го има кажувано за моето рано детство“, вели Сузе и со радост се потсетува на времето кога таа била мала.

-Кога сме оделе во маркетот да купуваме намирници, понекогаш кога ќе ме виделе така детски разигана, барале од мене да отпеам песничка, па дури ме качувале и на касата да пеам и играм. Тоа била мојата сцена. Вообичаено, освен некоја кратка детска песничка од тоа време, сум знаела да ја запеам и старата народна песна „Море што ти текна, што побегна”, песна која мајка ми додека шиеше си ја пееше, а јас сум си ја запомнила. Бев најрадосна за сите лижавчиња, бомбони, чоколатца, а и по некоја ситна паричка на крајот на мојот “сценски настап”“, се сеќава Спасовска и низ својот пример ја објаснува големата сличност на една баба и внука, како две блиски приказни, секоја од своето време.

приватна архива

-Во Клара се гледам себеси. Ние сме скоро исти, само сме личности во различно време, јас од старото, а таа од новото. Баба Сузана, многу би сакала, Клара да ја развива уметничката душа во себе и да ја негува, да научи да свири на некој инструмент, да научи да ги игра нашите ора и да пее традиционални македонски песни, и сето тоа барем како хоби. А што ќе си одбере таа во животот, само таа и Господ знае. Јас, покрај нејзините родители можам да бидам само една голема поддршка за нејзиниот избор“, раскажува Сузана.

Спасовска минатата година го прослави својот 35-годишен јубилеј, со оригинален проект наречен „Приказна“. Проектот содржи цеде, како и уникатна ретро касета, УСБ коешто изгледа како клуч, хитови од Сузана Спасовска и дигитална музиучка монографија.

Слични објави

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо
Се вчитува....