19:05 - 23 февруари, 2026

Стресен е животот во Белата куќа, кучето на Бајден повторно искасало агент на тајната служба

Германскиот овчар на американскиот претседател Џозеф Бајден, каснало уште агент на Тајната служба.

Ова е веќе 11. пат кучето да касне припадник на обезбедувањето во Белата куќа или во семејниот дом на претседателот во Делавер.

„Инцидентот се случи во понеделникот и офицерот прими прва помош на самото место“, соопшти Тајната служба.

Портпаролката на Белата куќа претходно кажа дека ваквите напади се должат на стресот од живеење во Белата куќа.

„Како што знаете, овој комплекс може да биде уникатен и стресен, па можете да замислите како им е на домашните миленици. Сигурна сум дека можете да го разберете тоа“, изјави таа во јули.

Командер е помладиот од двата германски овчара на семејството Бајден. Во јули, од Белата куќа кажаа дека разгледуваат нови техники на контролирање и обука на кучето по серија напади врз персоналот, чии детали биле побарани од една конзервативна група.

На 11 декември 2022, еден агент бил нападнат и каснат од кучето во присуство на Бајден, но ниту една повреда не е опишана како сериозна во документот на 194 страници. И неговото друго куче Мејџор исто така учествувало во неколку инциденти со каснување на агенти на Тајната служба.

Мејџор во меѓувреме беше иселен од Белата куќа и сега живее кај пријатели на Бајден.

Слични објави

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо

„Колку килограми се здебели, веќе немаш врат?!“: Сара Јо без шминка и во пижами одговори на грубото прашање

Еспресо

Уапсена малолетничката која гасела цигари на јазикот на брутално мачениот син на Снежана Ѓуришиќ

Еспресо

„Пиев таблети за смирување“ Снежана Ѓуришиќ скршена за својот син кој беше брутално претепан

Еспресо
Се вчитува....