8.8 C
Скопје
17:02 - 27 октомври, 2026

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Пејачката Теа Таировиќ се огласи од болничкиот кревет по операцијата, откривајќи што ѝ се случило и зошто итно била хоспитализирана. Таа призна дека ги игнорирала сигналите што ѝ ги испраќало телото, верувајќи дека може да ги издржи напорните обврски, и упати порака дека здравјето мора да биде на прво место.

„Драги мои, голем поздрав за сите вас од болничкиот кревет, за жал. Сакам да ве известам дека, веројатно повеќе на моја отколку на ваша жалост, нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми“, им се обрати пејачката на своите следбеници.

Таа откри дека била оперирана и дека во моментов се чувствува добро, надевајќи се на брзо закрепнување. Сакајќи да ги спречи шпекулациите и ширењето непроверени информации за нејзината состојба, објасни што точно се случило. Ова искуство, како што нагласи, го доживува и како сериозно предупредување за себе, но и како порака до сите што ја следат да го слушаат сопственото тело и да се грижат за своето здравје.

Според нејзините зборови, во неделата наутро, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Таа призна дека ја игнорирала болката и знаците дека треба да забави, бидејќи отсекогаш верувала дека е супержена и дека може да се справи со сè.

„По концертот во Франкфурт, стомакот ми беше полн со крв“, откри Таировиќ, објаснувајќи дека дури и одбила да биде хоспитализирана во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна лекарска помош и дека е добро. Потоа се вратила во Белград, каде што била оперирана.

На крајот, пејачката порача дека најважно ѝ е што побрзо да закрепне и повторно да биде здрава. Таа истакна дека здравјето мора да ѝ биде приоритет, пред сè заради самата себе, но и за да може да се врати на сцената, која е важен дел од нејзиниот живот и личност.

Слични објави

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо
Се вчитува....