Пејачот и текстописец Владо Георгиев ги загрижи следбениците откако објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека раката му е во гипс, како и рендгенска снимка од повредата.
Сепак, вниманието на јавноста не го привлече само неговата здравствена состојба, туку и пораката со која повредата ја поврза со актуелните политички настани.
Георгиев се огласил на својот официјален профил на социјалната мрежа Икс, каде што објавил фотографии.

На нив се гледа дека носи гипс, додека рендгенската снимка покажува фрактура во пределот на рамото.
Заедно со објавата, тој оставил коментар во својот препознатлив стил, алудирајќи на политичката ситуација во земјата.
– Паднав пред 7 дена и прегностички претчувствував ПАЃА ВЛАДАТА – напишал пејачот.
Неговата порака брзо го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи. Додека некои следбеници му посакаа брзо закрепнување и се распрашуваа за неговото здравје во коментарите, други се осврнаа на политичката порака што ја испрати.
Музичарот засега дополнително не се огласуваше за околностите под кои се случил падот, ниту пак, изнесуваше повеќе детали за повредата.
