Актерката Емра Куртишова, позната по улогата на Исаура во популарната серија „Преспав“, и нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов, го прославија третиот роденден на нивната ќерка Лена.
Гордата мајка на Инстаграм сподели фотографија од семејната прослава, на која тројцата позираат покрај роденденската торта.

Емра и Петар, кои се колеги во Театарот за деца и младинци во Скопје, се венчаа во јуни 2023 година, по тригодишна љубовна врска. Неколку месеци подоцна, во октомври, се роди нивната ќерка Лена.
View this post on Instagram
Емра претходно зборуваше за мајчинството и за стравовите што ги имала пред раѓањето на ќерката.
„Страв почувствував неколку недели пред да се породам, мислев дека ќе биде тешко, дека нема да се снајдам. Интересен е фактот дека работите ги правиш по интуиција, како некој или нешто да те води и ти кажува како треба. Мајчинскиот инстинкт секако си доаѓа“, изјави тогаш актерката.
Таа додаде дека родителството за неа и за сопругот претставува големо уживање, но и секојдневен предизвик.
Емра и Петар често споделуваат убави семејни моменти на социјалните мрежи, а родендените на Лена се посебен повод за заеднички фотографии и прослави. Минатата година актерката го одбележа нејзиниот втор роденден со емотивно видео од фотографиите на ќерката, од раѓањето до нејзините први детски авантури.
„Среќен роденден, мајкино. Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“, напиша тогаш Куртишова.
