Братот на српскиот пејач Дарко Лазиќ, Драган Лазиќ, кој трагично загина во сообраќајна несреќа, денеска беше погребан во родното место Брестач.
По неговата смрт, бројни познаници и пријатели споделуваат спомени за младиот човек за кого, како што велат, никој немал лош збор. Драган бил познат по својот силен глас, ведрата енергија и широка насмевка. Иако многумина го паметат како одличен пејач на веселби, никогаш не сакал да стане дел од јавната сцена, свесен за товарот што славата му го носи на неговиот брат.
Според информации од српските медиуми, додека се подготвувала погребната церемонија, Дарко Лазиќ низ солзи изговорил желба брат му да биде погребан со микрофон.
„Ставете му микрофон со него“, рекол пејачот низ плач.
Драган Лазиќ трагично го загуби животот на 11 март 2026 година во сообраќајна несреќа на патот Валево – Шабац.
Освен музиката, Драган имал уште две големи страсти – моторите и риболовот. На денот на погребот, неговите пријатели донеле и негов риболовен стап во куќата во Брестач, како симбол на љубовта што ја имал кон реката и мирот покрај водата. Кога Дарко го видел овој гест, не можел да ја сокрие тагата и се расплакал.
Емотивната атмосфера ги скршила сите присутни, кои тешко се помируваат со загубата на човекот кој, како што велат, секогаш знаел да измами насмевка и да биде поддршка за своите блиски.
На последното испраќање на Драган присуствувале и неговите пријатели од бајкерски клуб, кои решиле ковчегот да го испратат со колона моторџии – во чест на љубовта што ја имал кон моторите.
Кога ја видел колоната мотори, Дарко Лазиќ скршено изговорил.
„Отиде мојот брат, отиде мојата душа. Што ќе правам сега? Нема повеќе живот за мене…“, плачел пејачот.
