03:37 - 6 април, 2026

Српската естрада се збогува со познатиот дизајнер Саша Видиќ – почина на 52 години

Познатиот стилист и моден дизајнер од Србија, Саша Видиќ, почина денеска на 52-годишна возраст во КБЦ Бежанијска коса во Белград, објавија српските медиуми. Познатите личности се простуваат од него на социјалните мрежи.

Видиќ бил примен во болница како последица на септичка состојба, по што бил прогласен за мртов поради кардиореспираторна инсуфициенција.

Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари…

Инаку, тој лично ги осмислил и дизајнирал дресовите за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а ги креирал и дресовите за фудбалската репрезентација на Србија за Светското првенство што се одржa во Русија. Тој беше основач на модниот бренд „Броз“. Соработуваше со бројни луѓе од естрада.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хрватска. Извесен период живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај вујко му во Белград. Кариерата ја изгради во Белград.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....