7.8 C
Скопје
22:49 - 30 март, 2026

Српска инфлуенсерка на удар на жестоки критики: Продавала валкани патики за 77 евра!

Во последните неколку години продажбата на носена облека стана огромен тренд – не само меѓу „обичните“ корисници, туку и меѓу ѕвездите. Пејачки, актерки и инфлуенсерки сè почесто отвораат профили на страници за продажба на половни работи, каде што нудат парчиња од сопствените ормари.

Најпознатата српска инфлуенсерка, Зорана Јовановиќ (33), позната како Зоранах, повторно се најде во центарот на вниманието поради продажба на својата облека и обувки на вакви страници. Овојпат беше остро критикувана поради половни патики што ги огласила по цена од 77 евра.

Објавила фотографија од носени „Александер Меквин“ патики со опис: „Александер Меквин патики, врвките треба да се исперат, број 39 – 9.000 динари (околу 77 евра)“.

На фотографијата јасно се гледа дека патиките не се исчистени, а токму тоа предизвика лавина од негативни реакции. Корисниците на социјалната мрежа Икс веднаш го споделија огласот и започнаа критики – едни ја нападнаа поради високата цена, а други поради тоа што обувките изгледаат валкано.

„Дали е можно да е толку безобразна? Да продава валкани патики за толку пари. Па барем испери ги!“, еден од бројните коментари на социјалните мрежи гласи така.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....