00:43 - 13 ноември, 2026

(Фото) Дали се сеќавате на Фарук од „Луд, збунет, нормален“? Еве како изгледа денес!

Сенад Башиќ (63), познат по улогата на Фарук во серијата „Луд, збунет, нормален“, долго време не се појавувал во јавност поради здравствени проблеми. Сега, по подолга пауза, објави фотографии на Инстаграм, со што ги изненади своите следбеници.

Глумецот сподели две фотографии за да им даде поддршка на своите помлади колеги Давор Голубовиќ и Ирфан Рибиќ.

„Моја искрена поддршка. Им посакувам успешна турнеја низ БиХ“, напиша Башиќ, мислејќи на нивниот театарски проект „Хоќу куќи“.

Башиќ е професор на Академијата за сценски уметности во Сараево, а истовремено и ментор на Рибиќ и Голубовиќ, кои му се заблагодарија во коментарите: „Фала, професоре“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Senad Bašić (@_senadbasic_)


Објавата го разнежи неговиот бројен аудиториум, кој во коментарите се потсети на легендарната улога на Фарук. „Фарук – легенда! Кој би рекол дека е тоа истиот човек“, „Се кренавме од пепел, жив и здрав да ни си, Рукфаш“, „Поздрав за најдобриот глумец Сенада, секоја чест“ – стои во дел од коментарите.

Поради здравствени проблеми, Башиќ долго време не беше активен на социјалните мрежи, ниту се појавуваше во јавноста. Фановите се загрижија кога не присуствуваше на годишнината на претставата „Умри машки“. За време на снимањето на филмот „Босански лонац“, глумецот добил тешко воспаление на белите дробови.

Повеќе од две недели бил хоспитализиран, а потоа се појавиле и проблеми со гласните жици. Му била откриена леукоплакија и претрпел три операции – една во Загреб и две во Сараево.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....