04:50 - 20 декември, 2025

Совети од клиника „Жан Митрев“: Поврзаноста на дијабетот и кардиоваскуларните болести

Дијабетот e болест при која нивото на шеќер во крвта е покачено во тек на подолг временски период. Дијабетот или уште попознат како ,,шеќерна болест“, предизвикува сериозни здравствени проблеми кои всушност произлегуваат од оштетувањето на малите и големите крвни садови и нервите. Како резултат на овој процес, страдаат повеќе органи меѓу кои: срцето, очите, бубрезите, а се јавуваат и проблеми со циркулацијата

Дијабетот од типот 1 се јавува во помлада возраст и за истиот потребен е третман со инсулин уште од самиот почеток. Додека пак дијабетот од тип 2 е покарактеристичен за повозрасната популација.

Ако веќе имате поставена дијагноза дека боледувате од шеќерна болест, потребно е во соработка со вашиот лекар да се направи план како најдобро ќе се справувате со болеста.

Параметри кои треба да ги знаете и редовно да ги контролирате:

Ниво на HbA1C – гликолизиран хемоглобин. Тој ја покажува просечната вредност на шеќерот во крвта во тек на изминатите два до три месеци. Вредностите под 7 укажуваат на добра регулација на шеќерот што треба да биде и ваша цел.
Нивото на LDL или лош холестерол треба секогаш да е под 3,5 mmol/l.
Горната граница на крвниот притисок да биде до 130/80 mmHg.

Придржувајте се до хигиено –диететски режим!

Придржувајте се на режимот на исхрана што ви го пропишал вашиот лекар. Хранете се здрaво и одржувајте ја телесната тежина во граници на нормалата. Храна која се препорачува:

Овoшје, зеленчук, риба, грашок, леќа, обезмастено млеко и производи од него, леб од цели зрна, нерафинирано, ладно цедено масло, сол и шеќер во ограничени количини.

Практикувајте редовна физичка активност!

Спортувајте редовно во склад со вашата возраст и согласно препораките на вашиот лекар. 30-60 минути брзо одење 4-5 пати неделно значително ќе ја подобри вашата состојба.

Прекинете со пушење!

Пушењето во комбинација со шеќерната болест повеќекратно го зголемува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

Редовно земајте ја пропишаната терапија! Не ја прекинувајте иако се чувствувате добро!

Проверувајте ги вашите стапала секојдневно, одржувајте добра хигиена и носете удобни обувки!

Побарајте лекарска помош секогаш кога ќе почувствувате некоја промена со вашето здравје!

Во Клиника „Жан Митрев“ на располагање ви е лекарски стручен тим. Закажете преглед или информирајте се на 02/3091-484.

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....