13:43 - 10 ноември, 2026

Состојбата на Брус Вилис сè полоша: Деми Мур ја соопшти новата дијагноза

На многумина омилениот холивудски глумец Брус Вилис е во лоша состојба. Минатата година семејството објави дека тој ќе се повлече од актерството бидејќи му беше дијагностицирана афазија, состојба која ја попречува способноста за зборување и пишување.

Сега неговата поранешна сопруга Деми Мур, со која актерот остана исклучително близок и откако и двајцата најдоа нови партнери, објави нова тешка вест.

Таа откри дека добиле нова дијагноза и дека Брус боледува од таканаречена фронтотемпорална деменција, која е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

-Откако објавивме дека на Брус му беше дијагностицирана афазија во пролетта 2022 година, неговата болест напредува и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се справува Брус. Иако е многу болно, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза – гласи дел од текстот во објавата на фотографијата на Брус што ја сподели Деми Мур.

Слични објави

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....