11.8 C
Скопје
14:02 - 20 февруари, 2026

Сопругата на Шумахер живее во целосна изолација: „Михаел е тука. Различно е, но тука е, заедно живееме дома“

Во 2013 година, еден од најдобрите Формула 1 тркачи беше тешко повреден во ски-центар на француските Алпи.

Поминаа речиси 10 години откако еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата, Михаел Шумахер, тешко се повреди во ски-центар на француските Алпи. Пријател на спортистот рече дека неговата сопруга Корина доброволно станала самотник. Сега 54-годишниот Михаел живее во семејна куќа во швајцарскиот град Вуфленс-ле-Шато, во близина на Женевското езеро. До него е и Корина, спортистот редовно го посетуваат неговата 26-годишна ќерка Жана-Марија и 24-годишниот син Мик.

Основачот и поранешен сопственик на тимот Џордан во Формула 1, Еди Џордан изјави дека сите овие години сопругата на Шумахер живеела во екстремна изолација за да ја држи во тајност состојбата на сопругот. Тим од медицински персонал ѝ помага да се грижи за нејзиниот сопруг. Минатата година Еди сакаше да го посети седумкратниот светски шампион, но семејството ја одби понудата.

– Тоа беше најлошото нешто за Мик и Корина. Поминаа речиси десет години, Корина живее како затвореничка, не може да оди на вечера, забава или друг настан, бидејќи сите би сакале да разговараат со неа за Михаел, но таа не треба да се потсетува на ова секоја минута, рече Џордан.

Шумахер еднаш ја нарече сопругата свој „ангел чувар“. По трагедијата таа целосно ги контролира информациите за неговата состојба. Корина избегнува да зборува за нејзиниот сопруг. Сепак, таа фрли светлина на нејзините борби во документарецот за неговиот живот што се емитуваше во 2022 година.

„Михаел е тука. Различно е, но тука е, и мислам дека ни дава сила. Ние сме заедно. Заедно живееме дома. Правиме терапија. Даваме се од себе Михаел да се чувствува подобро и удобно. И само да гопочувствува нашето семејство, нашата поврзаност. И без разлика на се, ќе дадам се од себе. Се трудиме да се однесуваме како семејство, бидејќи на Михаел му се допаѓаше тоа и се уште му се допаѓа. И ние продолжуваме да ги живееме нашите животи, изјави Корина Шумахер.

Избраничката на Формула ѝ возачот, објасни дека за неговото лекување веќе се потрошени 20 милиони фунти и терапијата ќе продолжи. Поради пандемијата на коронавирус, семејството мораше да го одложи текот на лекувањето со матични клетки. Што се однесува до приватното опкружување, тоа е желба на самиот спортист.

„Приватното е приватно, како што секогаш велеше. За мене е многу важно тој да продолжи да ужива во личниот живот што е можно повеќе. Маихаел отсекогаш не штител, а сега ние го штитиме него – објаснила Корина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Синот на култниот спортист ја продолжува професијата на својот татко. Во 2022 година, по неуспешниот настап, низа критики од јавноста и колегите го погодија 24-годишниот Мик. На пример, шефот на Хаас, Гунтер Штајнер, јавно изрази незадоволство од грешката на Шумахер. Сепак, фановите на идолот му дадоа поддршка, за што тој лично им се заблагодари на социјалните мрежи.

Слични објави

Додека Тигар се радува, Лав спие и страда: Што се случува со Драган Станковиќ по раскинот со Јована Јеремиќ?

E.A.

Снежана Ѓуришиќ првпат се огласи откако син ѝ беше претепан, ја откри неговата состојба

Еспресо

(Видео) Синот на Цеца стана вистински ѕвер! Вељко ја покажа формата, никогаш не бил олку силен

Еспресо

(Фото) Бел гламур во Чикаго: Ива Спасовска го прослави 36. роденден како Џеки Кенеди

Еспресо

Дара Бубамара за новиот дечко: „Не го кријам затоа што е женет – помлад е од мене и згоден!“

Еспресо

(Фото) Адријан Гаџа тајно се ожени и ќе стане татко: Пејачот отвори ново поглавје далеку од очите на јавноста

Еспресо
Се вчитува....