Актерката Аница Лазиќ, сопругата на 39 години постариот актер Лазар Ристовски, јавно ѝ одговори на следбеничка која на Инстаграм ѝ испратила порака со навредата „Спонзорушо“ и ја повикала да ги објасни своите зборови.
Како што пренесуваат српските медиуми, Аница на Инстаграм објавила неколку видеоснимки од тренинг во теретана, по што добила навредлива порака од една корисничка.
Таа ја споделила пораката со своите следбеници и одлучила јавно да одговори.

„Штотуку се вратив дома од пазарување и решив да влезам на Инстаграм, кога ме дочека порака од една дотична госпоѓа или госпоѓица“, рекла Аница, додавајќи дека следбеничката на тој начин „ги добила своите пет минути“.
„Еве, сега ви давам можност јавно да објасните зошто, според вас, јас сум спонзоруша“, порачала таа.
Таа истакнала и дека ретко се обраќа на ваков начин:
„Ретко се обраќам на овој начин, но можеби ќе почнам да го правам тоа малку почесто“.
Да потсетиме, Аница Лазиќ и Лазар Ристовски се венчааа во септември. Ристовски претходно беше во брак со Даница Ристовски, со која има два сина.
Аница претходно зборувала и за нивното запознавање: „Лазар и јас се запознавме без никаков посредник, единствениот посредник беше Бог“.
