11.8 C
Скопје
17:59 - 2 март, 2026

Снежана Ѓуришиќ проговори за мито-скандалот во „Ѕвезде Гранда“: „Ми испраќаше пораки, како можеше да се дрзне..“

Елиминираниот кандидат на натпреварот „Ѕвезде Гранда“, Душан Вукадиновиќ, кој ја потврди приказната за неговата мајка Ната, дека Снежана Ѓуришиќ им барала пари за да помине во четвртиот круг на натпреварувањето, ѝ испраќал пораки на пејачката откако тој беше елиминиран од натпреварувањето.

Снежана Ѓуричиќ во емисијата „Пулс Србије“ на телевизија Курир ексклузивно потврди дека тоа навистина се случило, а потоа ја коментираше содржината на пораките заедно со Ѓорѓе Давид, пренесува српскиот портал Курир.

– Во еден момент тоа момче изјави дека е гениј за Марија, за Мили – изјави рокерот, на што се надоврза и Снежана.

-Ми испрати порака, а во содржината се е јасно видливо. Да се дрзнеш така да зборуваш за нив. Навистина ми е неверојатно. Со тоа е се речено – истакна пејачката.

Снежана потоа откри како се чувствувала кога дознала за целиот скандал во кој била вмешана.

– Кога дознав прво молчев, а потоа паднав во очај. Потоа се собрав и се ми стана јасно за што станува збор.

Водителот Иван Гајиќ ја праша пејачката која е таа трета страна за која често зборува, но пејачката не сакаше конкретно да одговори.

– Ужасно ми е непријатно, одлучив од сега да ставам точка на се. Кој е третата личност тоа нема да го спомнувам јас, туку правосудниот систем кој сериозно ќе се позанимава со ова – нагласи Снежана.

Слични објави

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо

(Видео) Сите ѝ се потсмеваат на Емили Ратајковски по ревијата на „Гучи“: „Зошто оди како пијана?“

Еспресо

(Фото) Среде конфликт, бившата на Аца Лукас позира во Дубаи: Ќерката јавно ја моли да се врати!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ излезе од болница: Има повредено око и видливи лузни по лицето

apostolova
Се вчитува....