6.8 C
Скопје
13:41 - 26 декември, 2024

Случајност или провокација: На Хари и Меган не им одговара датумот на крунисувањето на Чарлс?

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети ќе се одржи во сабота, на 6 мај 2023 година, на грандиозен настан во Вестминстерската опатија во Лондон.

Списокот на гости сѐ уште не е потврден но се очекува околу 2.000 луѓе да ја наполнат опатијата за да бидат сведоци на крунисувањето на кралот. Покрај членовите на кралското семејство на церемонијата ќе присуствуваат и многу светски лидери, владини претставници и верски личности.

Сепак, за принцот Хари и Меган Маркл овој датум не е баш погоден, бидејќи на тој ден нивниот син Арчи слави роденден. Најстарото дете на Меган и Хари тогаш ќе наполни четири години.

Поради тоа не е сигурно дали парот воопшто ќе присуствува на настанот, ниту дали, доколку дојдат во Британија, ќе ги донесат и нивните деца – Арчи и Лилибет.

Наводно, Хари во минатото се соочувал со тешки моменти поврзани со неговиот татко. За ова тој зборуваше во интервјуто со американската водителка Опра Винфри, кога изјави дека се чувствува „изневерен“ од неговиот татко Чарлс.

Војводата од Сасекс тврдеше дека Чарлс престанал да ги прима неговите повици непосредно пред неговото заминување од семејството. Тој го критикуваше Чарлс како татко, обвинувајќи го дека очекува неговите синови да се справат со притисоците на кралскиот живот и сугерирајќи дека родителството на Чарлс го оставило „со генетска болка и страдање“.

Многу се расправаше и за кралската титула на Арчи, а Меган тврдеше дека не му е дозволено да ја носи титулата принц, иако таа можност не ни постоеше додека беше жива кралицата Елизабета Втора.

Доаѓањето на Чарлс на тронот значи дека малиот Арчи сега технички е принц, но војводата и војвотката од Сасекс и Бакингемската палата сѐ уште не потврдиле дали тој ќе ја користи титулата принц.

Очигледно 6 мај е датум на кој се случиле голем број истористки и јавни настани. Тогаш им е роденден на поранешниот британски премиер Тони Блер и на холивудскиот актер Џорџ Клуни. Тој датум е и годишнина од бракот на принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета Втора. На тој датум во 1910 година, умрел прадедото на Чарлс, кралот Едвард VII, син на кралицата Викторија.

Од Бакингемската палата соопштија дека датумот 6 мај 2023 година е избран во консултација со владата, англиската црква и кралскиот дом, но не дадоа дополнително објаснување зошто е избран токму тој ден. Иако во соопштението стои дека церемонијата „ќе ја одразува улогата на монархот денес и ќе гледа кон иднината“, сепак се открива и дека таа ќе биде „вкоренета во долгогодишната традиција и раскош“.

Слични објави

(Фото) Живот со стил во божиќната Виена: Елена Најдоски блесна во прекрасни модни комбинации во австриската престолнина

Еспресо

(Фото) Аница објави никогаш видена фотографија со Лазар Ристовски: Таа го гушка, актерот пресреќен!

Еспресо

Се потпишаа 14.000 луѓе: Покрената петиција против новогодишниот настап на Јелена Карлеуша во Крагуевац

Еспресо

„Рампата беше спуштена, само рекоа…“: Гога раскажа сè за синоќешното приведување на границата со Хрватска

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ го честиташе Божиќ: Ѕирнете во празничната идила во домот на пејачката!

Еспресо

Хороскоп за 26 декември: Скорпијата ќе добие нова шанса, Лавот ќе доби одлични вести од странство

Еспресо
Се вчитува....