7.8 C
Скопје
01:05 - 31 март, 2026

Славчо Попоски предупредува: Доаѓа ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН, внимавајте како се однесувате кон природата!

– Денес, како и во следните денови и понатаму ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бележат тенденција на голем пораст, и тоа особено од утре па за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена окална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и особено од утре, па за време на викендот истите ќе се приближат дури до околу 40 степени. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари, вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....