17.8 C
Скопје
16:25 - 25 октомври, 2026

Славчо Попоски: Доаѓа студен и влажен бран, снег на планините, еве кога

– Под влијание на СТУДЕНА воздушна маса од север, следува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, кој ќе биде наизразен оваа ноќ и во текот на утрешниот ден, особено долж Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Облачноста и тоа особено утре попладне ќе се намалува, со што следува ГОЛЕМО РАЗВЕДРУВАЊЕ на времето, па затоа и температурите на повеќе места во понеделник наутро ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен. Ќе има појава на слаб до умерен мраз.

Посвеж ден очекуваме утре кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели. Потоа температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат релативно ПРОЛЕТНИ.

Нов влажен воздушен бран од запад, пад на температурите и врнежи од дожд и снег на планините ќе има веќе во среда.

Во Скопје исто така во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер. Поради разведрувањето во понеделник наутро ќе има појава на слаб до умерен мраз, кога минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени. Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени. Пониска максимална температура се очекува утре, и тоа до околу 10 степени – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

Слични објави

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.

На четири хороскопски знаци во ноември ќе им се исполнат долгоочекуваните желби — конечно доаѓа периодот што го чекаа

К.С.

Љубовната приказна на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ — се заљубиле, раскинале, па повторно се пронашле

К.С.

Недела е за нешто слатко — рецепт за францускиот колач „Наполеон“ со крцкави кори и нежен крем од ванила

К.С.

(Фото) Северина се огласи од Палермо: „Кога си на Сицилија, биди Сицилијанка“

Т.Ц.
Се вчитува....