06:58 - 3 април, 2026

Слаѓана Петрушиќ има скандалозно минато: Си ги сечела вените, била во затвор, имала инфаркт…

Слаѓана Петрушиќ е хрватска актерка и поранешна водителка на реалното шоу „Парови“ и шоуто „Проводаџије“, а за време на траењето на реалното шоу неколку пати беше тема на медиумите.

Имено, таа во 2015 година пред камерите на реалното шоу „Парови“ физички ја нападна режисерката и учесничка во реалното шоу Јелена Голубовиќ, за што во Третиот основен суд во Белград беше изречена првостепена пресуда, според што ѝ е осудена на шест месеци затвор.

Оваа водителка се најде во центарот на скандалот кога ги нападна гостите во емисијата што ја водеше, Нина Прља и Тин Мливиќ. Поранешните учесници на „Парови“ Нина и Тин по завршувањето на емисијата останале во студиото и влегле во вербален конфликт со водителката, по што дошло до физичка пресметка. Слаѓана го удрила Тин, за што хрватскиот музичар ѝ се заканил со тужба, пренесуваат српските медиуми.

Во мај 2019 година, како што пренесуваат медиумите, доживеала благ срцев удар, поради што извесно време отсуствувала од телевизија. Во февруари 2020 година, Петрушиќ си ги пресекла вените. Инцидентот се случил откако било соопштено дека е казнета поради кажување невистини за продукцијата. Кога на учесниците им била објавена казната, во која било наведено дека мора да оди и во изолација, Слаѓана се побунила, одбивајќи да го стори тоа.

Набргу потоа се случил инцидентот, а Слаѓана била згрижена во КБЦ Земун.

Сепак, сега таа се надмина себеси кога излажа дека починала, кревајќи го регионот на нозе.

Братучетката на Слаѓана Петрушиќ: „Измисли дека починала“

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....