13.8 C
Скопје
15:43 - 23 март, 2026

Синот на Снежана Ѓуришиќ излезе од болница: Има повредено око и видливи лузни по лицето

Синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ, денеска е пуштен од болница, каде беше итно примен по страшното злоставување што го доживеа на Врачар.

Според медиумите, Марко има видливи исеченици на челото и повредено око.

Тој неодамна бил жртва на ужасно малтретирање во стан на познаник на Врачар. За време на нападот, покрај двајца мажи, над него се изживувала и малолетна девојка, идентификувана како Н.О.

Двајцата мажи, З.И. и Л.С., го тепале и злоставувале Марко, додека малолетната девојка извршила чин на садизам. Сите тројца наскоро биле уапсени.

Во болницата му биле констатирани тешки телесни повреди. Тој таму стигнал ден подоцна, откако успеал да избегa од злоставувачите. Марко ја повикал поранешната сопруга, која ја известила полицијата и Итната помош.

– Ден подоцна тој ја повикал полицијата, која дошла во станот во кој бил со поранешната сопруга. Полицијата веднаш го упатила во Ургентниот центар за да му биде укажана помош. Во болницата му биле констатирани тешки телесни повреди и останал на лекување – изјавил извор за „Блиц“.

Слични објави

(Фото) Ден низ неговите очи: Ивона Јо на романтично патување со сопругот

Еспресо

(Фото) Катарина Лазиќ покажа како изгледа денот во семејниот дом по трагедијата

Еспресо

(Видео) Сузана Гавазова: „Јас ја имам главната моќ дома“

Еспресо

Бундите ги чувала во фрижидер, сега ги распродава чевлите! Сека Алексиќ направила „чистка“ на плакарот

Еспресо

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Еспресо

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси
Се вчитува....