06:04 - 6 април, 2026

Силвија Стојановска на слобода, обвинителството не докажа дека е вмешана во шверц на кокаин

Ослободителна пресуда за актерката Силвија Стојановска, обвинета за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија во повторениот судски процес, откако претходно Апелацискиот суд ја потврди пресудата за нејзиниот парнер Воислав Будисавјевиќ и ја зголеми казната на 12 години, додека за актерката го врати предметот на повторно судење.

Ваква одлука, како што јави порталот 360 степени, судот донесе денеска, а Стојановска беше обвинета за неовластено производство, продавање или продажба, држење и транспорт на наркотични дроги. Таа беше обвинета по ставот 3 кој вели дека ако делото го извршиле повеќе лица или сторителот на делото организирал мрежа на продавачи и посредници, ќе се казни со затвор од една од пет години.

Во повтореното судење, пишува 360 степени, се следеле напатствијата од Апелација, се анализирале докази и од нив не се гледа мрежата односно учеството на актерката во неа.

Според адвокатот Димитар Савовски во овој процес не можело да се очекува ништо поинаку од ослободителна пресуда, затоа што Апелацискиот суд ги уважил сите жалбени наводи на одбраната.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....