-2.2 C
Скопје
20:39 - 22 декември, 2024

Што навистина се крие зад разводот на Мардок-Хол? Шестте деца на милијардерот си го бараат својот дел од империјата, не им требаат прстите на четвртата „макеа“

Треба да се сфати сериозно Џери Хол кога вели, за англиските весници, дека „срцето ми е скршено, за сè се виновни неговите деца кои направија ѕид меѓу нас“. Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) има сериозна возраст, а има и шест деца од претходнте три жени, од кои секое си го бара својот дел, и воопшто немаат (ниту пак претходно имале) симпатии кон четвртата жена – поранешната манекенка и екс сопруга на Мик Џегер, Џери Хол. 

Кога се прочу веста за разводот на Хол и Мардок, многумина помислија дека Хол е иницијаторката за развод, но сепак е поинаку – Мардок (91) ѝ најавил крај на бракот преку порака на меил, наведувајќи дека отсега со него може да комуницира само преку неговите адвокати. Дали зад оваа порака стои притисок од шестте деца? Многу веројатно, земајќи предвид како делеа парч од имотот само пред три ипол години, при продажбата на една од компаниите на татко им.

Со текот на времето, 91-годишникот ги предаде своите активности и се погрижи и неговите деца да учествуваат во управувањето со неговата империја. Од претходните бракови, всушност, Мардок има шест деца: Пруденс со неговата прва сопруга Патриша Букер, австралиска манекенка од која се разведе во 1965 година; Елизабет, Лахлан и Џејмс од втората сопруга Ана, со која имаше тридецениски брак до 1999 година, кога потоа се ожени со Венди Денг, со која има уште две ќерки Грејс и Клои. Деца со Џери Хол, четвртата сопруга, нема.

Од збогувањето со Фокс, 12 милијарди во кеш

По продажбата на дел од империјата 21st Century Fox на Дизни, која се случи во 2019 година со спојување на Фокс и Дизни, синовите на претприемачот наречен ајкула добија секој по две милијарди долари.

По две милијарди долари „по глава“. Ова е она што секое од шесте деца на Руперт Мардок го презеде откако забавниот дел од бизнисот на Фокс беше продаден, односно споен, со „Волт Дизни“. Еднакви делови за најстарата ќерка Пруденс; за Лахлан, Џејмс и Елизабет, трите деца на неговата втора сопруга Ана; и конечно за Грејс и Клои, двете ќерки, сè уште адолесцентки, од неговататрета сопруга Венди Денг. Станува збор за продажба само на 17% од капиталот на 21st Century Fox во рацете на Мардок, контролиран преку семејната доверба, а само тој удел е вреден приближно 12 милијарди долари. Инаку, Мардок има понуда од Дизни во вредност од 71,5 милијарди долари за останатите бзиниси на Мардок во 21st Century Fox, вклучувајќи ги и филмовите, кабелски канали и азиската телевизиска мрежа Стар. Но, тоа не го вклучува уделот на семејството Мардок во News Corp, издавачката група која ги контролира, меѓу другото, Wall Street Journal и двата лондонски весници Тајмс и Сан; ниту Њу Фокс. Дополнително, тука е и Фокс њуз каде што Мардок има 39% и заедно со Дзини се согласија да ги продадат на Comcast.

На своите деца, австралискиот магнат со американски пасош, не само што избра да остави огромно богатство, туку тој ги сакаше и покрај себе, нудејќи им врвни менаџерски улоги во управувањето со семејната империја. Тоа се случуваше во минатото, а се случува и денес. По реорганизацијата, Мардок и најстариот син Лахлан (50) продолжија да работат заедно: таканаречениот „блудниот син на Мардок“беше назначен за претседател и Извршен директор на New Fox, чиј копретседател е Руперт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Smalltalk (@smalltalktime)

Џејмс пак, (49), една година помал од брат му Лахлан, е актуелен извршен директор на 21st Century Fox и поранешен број еден на News Corp и Sky во Европа и Азија. Џејмс е и член на упавниот одбор на Тесла, компанија во сопственост на Илон Маск.

Ќерката на Мардок, Елизабет (53), постојано влегува и излегува од семејниот бизнис како што сака, но ја заработи својата медиумска радост со основањето, во 2001 година, на британската ТВ продукциска куќа Shine, која потоа беше продадена по висока цена на News Corp., односно на сопствениот татко, во 2011 година, продажба која покрена многу контроверзии и обвинувања за непотизам.

Исклучок е најстарата ќерка Пруденс, родена во 1958 година: таа живее во Австралија и никогаш немала никаква оперативна улога во семејната група, но секако дека и таа е заинтересирана за семејните пари.

Децата Грејс и Клои се премногу млади, се уште поради возраста немаат право да гласаат за одлуките, но наскоро ќе имаат: нивните економски интереси ги надгледуваат луѓе избрани од нивниот татко Руперт и мајката Венди (едни од тие луѓе, до изборот на татко ѝ за претседател беше Иванка Трамп, ќерката на Доналд).

Сепак, Мардок размислува и понатаму сите деца да ги вклучи во бизнисот, односно ним да им го остави по сопствената смрт. Далеку од размислувањата на Бил Гејтс, кој смета дека е доволно да им даде на своите деца „добро образование и доволно пари“ за да избегнат финансиски тешкотии. „Да им давате на децата огромна сума пари не им правите услуга. Тоа би го расипало сè она што би можеле да направат самите додека го градат својот пат“, вели основачот на Мајкрософт. Руперт Мардок очигледно не се согласува вооптшо со оваа теза на Гејтс.

Така, разделбата на Мардок и Хол, се должи, најверојатно само на пари и заштита на имотот од четвртата сопруга. Колку децата притискале за ваквиот чекор на Мардок, јасно е од досега виденото. А згора на тоа, и децата на Руперт Мардок, си имаат свои деца.

„Уште го сакам, уништена сум“: Џери Хол проговори за крајот на бракот со милијардерот Мардок

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....