-4.2 C
Скопје
00:05 - 23 декември, 2024

Што им порача италијанскиот претседател Серџо Матарела на македонските пратеници?

Италија секогаш давала и ќе продолжи да дава силна поддршка за патот на Македонија кон Европа. Создавањето услови за неодамнешниот почеток на преговорите со Брисел претставува успех на кој оправдано треба да сте горди, во очекувањето да се достигне крајната цел за полноправно членство во ЕУ, како што впрочем се случи со вашата одлука да се приклчите кон НАТО, рече во своето обраќањето во Собранието претседателот на Италија Серџо Матарела.

Матарела денеска е во официјална посета на Македонија, а беше пречекан од македонскиот претседател Стево Пендаровски.

По кратката средба следуваше и прес конференција, која почна со една минута молк по повод смртта на кралицата Елизабета.

Според Матарела, местото на Македонија е во Европа поради вредностите, историјата и културата.

Тој во своето обраќање посочи дека пријателството меѓу Италија и нашата држава има длабоки корени, поттикнато од спонтана симпатија и од чувство на меѓусебно разбирање, кое никогаш не престанало.

„По Втората светска војна и покрај ограничувањата наметнати од тогашниот геополитички поредок, Италија продолжи да негува кон вашиот народ непроменета почит и постојан интерес. Доказ за тоа е силниот порив на солидарност, кој по страшниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, поттикна 200 италијански уметници да донираат над 300 нивни дела кои денес се чуваат во Музејот на современа уметност во Скопје“, рече Матарела.

Со 31-годишна независнот која државата ја прослави вчера, Матарела потенцираше дека се отворени дополнителни можности за развој на односите меѓу овие две земји во сите полиња, а меѓу нив и не помалку важното поле на културната соработка.

„Италија е горда на фактот дека на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’ во Скопје италијанскиот јазик се изучува повеќе од 60 години, и што во моментов многу македонски ученици од основните и средните училишта избраа да го учат италијанскиот јазик, што претставува знак на динамика и современост на врската меѓу овие две земји. Станува збор за чувство на искрено пријталество“, додаде Матарела.

Тој потврди дека Скопје во неколку наврати ја потврди искрената поврзаност кон принципите на кои се темели Европа преку храбри и честопати тешки одлуки и ја посведочи решителноста со која чекори кон поставената цел, влез во Европската унија.

„Мислам на Охридскиот рамковен договор со кој беше изнајдено трајно решение за учество на сите етнички компоненти во животот на државата, мислам на Преспанскиот договор и договорите постигнати со Бугарија. Би сакал да го изразам длабокото восхитување и почит со кои Италија гледа на патот кон кој тргна Северна Македонија, нејзините граѓани и нејзините институции, почнувајќи од ова Собрание. Понекогаш имавте тешки одлуки за носење, но благодарение на нив, Северна Македонија се афирмира како земја која е инклузивна на внатрешен план и отворена за градење односи на искрена соработка на надворешен план“, рече Матарела.

Полноправниот влез во европското семејство на земјите од југоисточна Европа, според Матарела, ќе даде клучен придонес на каузата за мир во Европа и ќе стави крај на досегашното одложување во процесот на интеграција на континентот.

„Заедно ќе ја постигнеме целта да ги надминеме старите и скорешните поделби, да ги надминеме жариштата на напнатост од минатото кое се уште живее во сеќавањето на некои луѓе, жаришта што демнат под пепелта, а притоа ќе размислуваме за иднината и ќе создадеме регион на стабилност и развој. На овој пат, Италија ќе продолжи да биде покрај вас како пријателска и блиска земја“, рече тој.

Тој напомена оти Италија цврсто верува дека Западен Балкан е составен дел од Европа и дека Европа никогаш нема да биде целосна без пристапувањето на сите земји од овој регион

Матарела рече дека она што се случува во Украина претставува закана за основните вредности на меѓународната заедница, а одговорот на евроатланското семејство беше на предизвикот, што го наметна оваа воена „авантура“ на Москва.

Според Матарела, можеме да ја зајакнеме нашата внатрешна кохезија, вклучувајќи мерки кои можат да ги ублажат високите трошоци што нашите економии можат да ги поднесат

Во овој контекст, како што рече, Италија силно го поддржува вклучувањето на Западен Балкан во европските механизми за солидарност насочени кон гарантирање на енергетска безбедност, особено имајќи ја предвид претстојната зима.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....