5.8 C
Скопје
03:54 - 31 март, 2026

Шокантна исповед на Ава Карабатиќ за борбата со алкохолот: „Докторот ми рече дека за 7 дена ќе бидам на гробишта“

Во голема исповед, Ава Карабатиќ проговори за работи од својот живот за кои никогаш порано не зборувала, а сакаше да покаже и слика од себе што јавноста никогаш не ја видела.

Tаа се осврна на смртта на таткото Ивица, кој почина во мај оваа година.

– Во овие моменти кога некој ќе ме праша како сум, можам да кажам дека секој ден станувам посилна. Секако болката е голема, раните исчезнуваат, но лузните остануваат. И јас сакам моите лузни да останат, но со текот на времето да стануваат сè полесни и полесни. Секој ден сум среќна и благодарна што го издлабувам својот пат онака како што сакам. Јас сум жена борец која ја остава својата болка и тишина во своите четири ѕида… – вели Ава и додава:

– Тато почина седум дена по мојот роденден во моите раце…

Пред две години, таа започна со лекување од алкохолизам, а сега откри како изгледала нејзината борба.

– Постигнав една добра победа, се излечив од алкохолот и не се откажав ниту во најтешките моменти… Пред две години мислев дека тоа е најлошото нешто, но се покажа дека човек мора да биде благодарен за секој ден… Станав посилна, работев и на себе. Зад мене имам четири реални шоуа, а и петтото… Јас сум некој што ја доби војната и во тоа реално шоу, тоа е единственото реално шоу кога почина татко ми и после тоа навистина ништо не може повеќе да ме разочара во животот. Татко ми беше сè за мене, заштитник, поддршка… Тој беше со мене во сите моменти, дури и во најтешките, кога се борев против алкохолот – вели старлетата.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....