7.8 C
Скопје
10:22 - 1 април, 2026

Шенен Доерти се согласи на развод ден пред нејзината смрт: „Бев изневерена од оној што го сакав со целото срце“

Ѕвездата на хит сериите „Беверли Хилс“ и „Волшебнички“ се согласи да се разведе еден ден пред нејзината смрт.

Актерката Шенен Доерти ги потпиша документите за развод еден ден пред нејзината смрт, пишуваат американските медиуми.

Нејзиниот сопруг, фотографот Курт Исваринко, ги потпишал документите на 13 јули, денот кога славната личност починала, на инсистирање на Доерти. Поранешните сопружници се согласиле на погодбен развод. Глумицата пак, инсистирала тоа да го направи пред смртта за да го ослободи од административни пробеми и да го остави слободен.

Фактот дека актерката поднесе барање за развод од Исваринко стана познат во април 2023 година. Тогаш актерката го обвини нејзиниот сопруг дека ја изневерувал за време на нивниот 12-годишен брак, но тој пак, негираше сè. Ѕвездата рече дека дознала за неверството на нејзиниот сопруг пред операцијата за отстранување на тумор од мозокот.

„Се чувствував толку предадено и несакано од оној со кој бев 14 години. Од оној кој го сакав со сето свое срце“, рече Доерти.

Шенен Доерти се борше со ракот од 2015 година. Прво, на актерката и беше дијагностициран рак на дојка. По мастектомија и хемотерапија, ѕвездата објави ремисија, но во февруари 2020 година, на Доерти и беше дијагностициран рак на дојка во четврта фаза.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....