13:29 - 12 април, 2026

„Сестричке“: Ана Костадиновска со срцепарателни зборови за роденденот на Сара Пројковска

Денес роденден требаше да прослави Сара Пројковска, пејачката која трагично го загуби животот во пожарот во Кочани на 16 март.

Нејзината најдобра пријателка, Ана Костадиновска која заедно со Сара пееше придружни вокали долги години, со емотивни зборови се сети на неа. „Денес ти е роденден, летај сестричке“, напиша на социјалните мрежи Ана, и сподели неколку слики од нивните дружења.

Фото / Фејсбук

На една од сликите е и Каролина Гочева, која исто така беше многу блиска прикателка со Сара, која инаку беше професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

-Сара беше прекрасна личност, жена-светлина. Секој миг поминат со неа ми ја грее душата. Тука е и секогаш ќе биде, сѐ додека дишам и постојам. Пеењето секогаш ми било единствен лек за секоја душевна болка. Но, секако не беше лесно враќањето на сцена.

Среќна сум дека се случи покрај Каролина, која беше можеби единствениот човек покрај кој беше можно да запеам во тој момент. Таа е моја и на Сара долгогодишна пријателка, со која имаме навистина посебна врска – рече Ана Костадиновска неодамна за „Слободен печат“.

 

Слични објави

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.
Се вчитува....