7.8 C
Скопје
00:31 - 31 март, 2026

Селма не престанува да провоцира, Србите гневни: „Допрва ќе се секираш кога ќе ти секнат парите…“

Селма Бајрами е вратена од аеродромот „Никола Тесла“ затоа што ѝ е забранет влез во Србија, затоа што пеела албански националистички песни и покажувала двоглав орел. Таа, пак, се прави дека тоа воопшто не ја погодило!

Пејачката Селма Бајрамиде во понеделникот беше депортирана од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, назад во Сараево, бидејќи и беше забранет влез во Србија поради пеење албански националистички песни и прикажување на двоглав орел.

Оттогаш се огласи на социјалните мрежи и се обиде да покаже дека оваа одлука на Србија воопшто не ја погодила – се снимала насмеана на ескалаторите што водат до излезите за полетување на аеродромот, со песната „Машала“ во позадината, во изведба на Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ. Потоа таа сподели видео на кое се гледаат белградските улици, во обид да ја збуни јавноста, но всушност не се знае чие видео објавила.

принтскрин Инстаграм

Селма не застанува тука. Кога еден корисник коментирал: „се насекира“, Селма веднаш објави:

„Многу…“, со емотикон што плаче од смеа и покажува со рака во знак на потврда.

Принтскрин

„Кога ќе почувствуваш по џебот зашто нема пари во Србија, ќе плачеш ама не од смеа туку од мака“, „Допрва ќе се смееш, но од мака, кога ќе пееш за 15 евра“, „Нема да има пари од Србија веќе, ни тезги, па немој многу да се секираш…“, гласат само некои од коментарите на Инстаграм.

Меѓутоа, по првичниот скандал, таа најпрво се обиде да се „измие“ гостувајќи во емисија, каде повторно покажа знак за кој наводно „не знаела дека е провокација“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....