7.8 C
Скопје
10:18 - 18 февруари, 2026

Селин Дион отворено за борбата со тешката болест: „Посакав да го документирам овој дел од животот“

Селин Дион добива документарен филм наречен I Am: Celine Dion, во кој искрено им зборува на фановите за својот живот. Канадската ѕвезда Селин Дион отворено зборува за нејзините достигнувања, и – особено за – предизвикувачките последни неколку години во кои се откажа од турнеите за да се фокусира на своето здравје.

Документарниот филм I Am: Celine Dion го режира Ирена Тејлор, а ќе биде интимен поглед на кариерата и приватниот живот на познатата пејачка.

Селин се бори со синдромот на вкочанета личност (СПС), ретка и неизлечива невролошка болест која може да предизвика многу тешки мускулни грчеви.

Во описот на филмот е наведено дека на емотивен, енергичен и поетски начин ќе го прикаже приватниот живот на оваа ѕвезда, а патем ќе долови повеќе од една година од нејзиното животна борба со болеста.

„Последните неколку години беа вистински предизвик за мене, тоа беше патување од откривање на мојата состојба до наоѓање начин да живеам и да се справам со неа, но нема да дозволам тоа да ме дефинира“, рече Селин Дион.

„Додека го продолжувам изведувачкиот дел од мојата кариера, сфатив колку ми недостига, особено гледајќи ги фановите. За време на моето отсуство, решив дека сакам да го документирам овој дел од животот, да се обидам да ја подигнам свеста за оваа малку позната состојба и да им помогнам на другите со оваа дијагноза“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Датумот на објавување на документарниот филм се уште не е познат, но најверојатно ќе биде достапен за гледање веднаш на стриминг сервисот Prime Video.

Да потсетиме, на Селин Дион ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност пред помалку од две години, кога им се обрати на своите обожаватели и објасни зошто ја одложила својата турнеја.

 

Слични објави

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо
Се вчитува....