02:07 - 6 април, 2026

„Седев со огледало и се цртав со денови, бев малку мрачен и збунет“ – Џони Деп го продава автопотретот, го црташе кога му се судеше

Автопортрет насликан од Џони Деп во 2021 година додека му се судеше за злоупотреба на неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд, е понуден на продажба.

„Го сликав во студиото на Ралф Стедман во 2021 година. Овој автопортрет е направен во време кога бев, да речеме, малку мрачен, малку збунет. Погледнав и, не знам зошто, мислев дека ми треба нешто друго. Бев на прагот да влезам во петтата година на лудилото“, изјави Деп за Ројтерс.

„Седев со огледало и се цртав со денови, во различни денови, под различно светло и агол“, го опиша актерот процесот на правење на сликата.

Менаџерот на галеријата открива дека Деп отсекогаш бил сликар пред да стане музичар, а музичар бил и пред да стане актер.

„Тоа е негово хоби, тој постојано се навраќа на тоа и мислам дека за време на сето она што му се случи сакаше да создаде нешто многу, многу лично“, изјави Ветерби Блит.

Покрај автопортрети, во лондонската галерија е изложена и колекцијата „Пријатели и херои“, која вклучува портрети на великаните насликани од Деп – музичарите Боб Дилан, Боб Марли, актерите Хит Леџер и Ал Пачино, актерката Елизабет Тејлор

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....