7.8 C
Скопје
08:48 - 31 март, 2026

Се сомнева дека шефот на станицата во Лариса го пренасочил возот: Му се заканува од 10 години до доживотен затвор

Началникот на станицата се соочува со тешки пријави за нарушување на безбедноста во сообраќајот, а за тоа дело му се заканува казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Неколку часа пред сударот на двата воза во Грција, во кој загинаа 57 лица, шефот на железничката станица во Лариса пренасочил приградски воз на погрешна пруга, јавуваат грчките медиуми.

Според тие информации, машиновозачот на приградскиот воз во Лариса го сфатил тоа и ја посочил грешката.

На местото на судирот е пронајдена и „црна кутија“ на еден од двата воза, но се уште не е познато на кој воз му припаѓа.

Медиумите јавуваат дека машиновозачот го прашал шефот на станицата „дали е се во ред“, но тој не му дал одговор.

Шефот на станицата се соочува со тешки пријави за нарушување на безбедноста во сообраќајот, а за тоа дело му се заканува казна затвор од 10 години до доживотен затвор.

Тој се соочува и со обвиненија за повеќекратно убиство од небрежност, како и обвиненија за нанесување телесни повреди.

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....