8.8 C
Скопје
16:24 - 28 март, 2026

Се сеќавате ли на актерот во „Крокодил Данди“? – силниот ловец на алигатори се бори со болест ФОТО

Австралиската филмска легенда Пол Хоган (83), познат како главен актер во филмот „Крокодил Данди“, мораше да вгради пејсмејкер што значително влијаеше на неговата физичка кондиција.

Актерот поради проблеми со бубрезите морал да користи стероидни лекови кои го направиле уште понемоќен.

„Бев подобар. Имав проблеми со аортата и бубрезите и третманот го реши тоа, но станав многу послаб“, изјави актерот за „A Current Affair“.

Инаку, тој минатата година во едно интервју ги откри сите негови здравствени проблеми со бубрезите.

„Го изгубив целото телесно сало, мускулите ми паднаа и бев многу слаб, но силата ми се враќа“, рече Хоган, додавајќи дека сè уште нема ни грам сало.

Актерот кој се прослави борејќи се со крокодили ја задржа својата завидна форма цели 79 години, но после тоа одеднаш се почна да се менува.

„Има една изрека дека 80 -те години не се за оние со слабо срце бидејќи работите почнуваат да се распаѓаат, но не можам да се пожалам“, додаде Хоган.

Актерот трајно се преселил во САД во 2005 година поради неговиот син Ченс, но неговата желба е да се врати во Австралија.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

(Видео) „Е сега можам да умрам“: Здравко Чолиќ се симнал од сцената и го направил ова кога ја видел Милица Павловиќ

Еспресо

(Фото) Деколтето во прв план: Сека Алексиќ ги привлече сите погледи, па проговори за естетските зафати

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Астро викенд: Мини совети за секој хороскопски знак

Еспресо

Дарко Лазиќ за смртта на братот: „Да можев да го вратам, никогаш повеќе не би запеал“

Еспресо
Се вчитува....