18:20 - 7 април, 2026

Се повлекуваат 20 тони од небезбедното млеко од БиХ, Стокомак ги повика граѓаните да го вратат во маркетите

Од продажба се повлекуваат 20 тони млеко „МИЛКАНО“ со 3,2 отсто масленост, кое е увезено од БиХ, поради утврдено присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволените количини од 0,05 микрограми на килограм, согласно македонските прописи, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Маркетот Стокомак кој е увозник на млекото на официјалната Фејсбук страница ги повика купувачите да го вратат млекото во нивните маркети, при што ќе им биде надоместени потрошените пари. Оттаму информираа дека повеќе нема да соработуваат со млекарата.

Млекото ќе се врати кај производителот доколку надлежните ветеринарни власти од БиХ прифатат, а во спротивно, ќе биде уништено на депонијата Дрисла.

„Потрошувачите кои имаат купено УХТ млеко од брендот „МИЛКАНО“ со наведениот лот и рок на употреба, апелираме да не го употребуваат, туку да го вратат на местото каде што е купен“, соопштија од агенцијата.

Инаку, станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, се спроведува секоја година. Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека сите останати производи од овој бренд се безбедни, со исклучок на млекото со наведениот лот и рок на употреба.

 

 

Слични објави

Изберете елеганција што остава трага и стил што се памети за незаборавна матурска вечер

Еспресо

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо
Се вчитува....