7.8 C
Скопје
10:04 - 1 април, 2026

Се откажа од диетите и ја доведе линијата до совршенство: Кристина Агилера докажа дека може да ослабе и без ригорозна диета и гладување, еве како!

Еве како светската ѕвезда успеа да се ослободи од вишокот килограми.

Поп-пејачката Кристина Агилера неодамна започна серија редовни концерти во Лас Вегас, а ги изненади сите со тоа што се појави витка како во првите години од нејзината кариера.

Откако со години натрупуваше килограми на себе, таа веќе некое време ја одржува својата фигура, а сега откри дека нејзината тајна е во посветеноста на здрава и урамнотежена исхрана, заедно со ригорозна програма за вежбање.

И не само тоа, таа решила повеќе да не користи диети!

Кристина за прв пат се здебели во 2008 година кога го носеше своето прво дете, а по раѓањето на синот Макс започна со таканаречената Виножито диета и ослабе, за повторно да се здебели две години подоцна за време на нејзиниот развод со композиторот Џордан Бретман. Подоцна,  таа повторно се здебелила со втората бременост, а од раѓањето на ќерката Самер, веќе девет години има големи флуктуации на тежината и упорно се бори со вишокот килограми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

Како ослабнала?

Како што откри пред извесно време за италијанското издание на магазинот L’Officiel, нејзиното неодамнешно намалување на килограмите не се должи на строга диета, туку поради тоа што Кристина се фокусирара на разновидна и урамнотежена исхрана.

Таа вели дека целосно се откажала од диетите и наместо да следи рестриктивни правила, се труди да јаде повеќе интегрална храна и да користи помалку грицки кои содржат шеќер.

– Секој од нас е индивидуа, а луѓето ве оценуваат врз основа на вашите разлики, врз основа на тоа што ве прави единствени. Мора да ја прифатите својата убавина, по ѓаволите со се останато – изјави пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christina Aguilera (@xtina)

Покрај урамнотежената исхрана, Кристина се труди да остане активна и има широк спектар на активности кои ја одржуваат во форма и благодарение на кои успеала да ги стопи мастите.

Кристина во период кога се бореше со вишокот килограми, Инстаграм

Таа ужива во јога, бокс, кардио и тренинзи за сила двапати неделно, пишува „In Touch Weekly“. Таа тренира со познатиот фитнес инструктор Ти Сорџер, кој ѝ помогна да го максимизира согорувањето на калориите и да почне да слабее, додека ги одржува своите карактеристични женствени облини.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....