11:50 - 12 април, 2026

Се омажив млада и не сакав да пеам дур не порасне синот: Даниела Темелковска со емотивна приказна

Фолк-пејачката Даниела Темелковска се отвори за моментот кога млада се омажила, и раскажа за синот Даниел, кој е исто така пејач.

Во емисијата „Никој да не знае“ на телевизија Телма таа искрено проговори за почетоците на својата кариера и зошто одлучила естрадата да ја стави на „чекање“. Иако денес е препознатливо име на музичката сцена, Даниела открива дека нејзиниот пат не започнал веднаш.

Даниела со синот Даниел / Фото/Инстаграм

„Не почнав веднаш со кариера. Затоа што навистина, во прв план јас многу ја сакам фамилијата. Многу сакам да бидам семејна жена, сакам да го одгледувам детето… значи не сакав ништо да пропуштам. Да, не сакав таква прилика да пропуштам и кога веќе мојот син порасна, јас почнав професионално тогаш дури да се занимавам со музика, на некои мои 28 години, бидејќи многу млада се омажив. И оттогаш, сè е веќе под контрола. Значи и си со фамилијата, и ја работиш работата што навистина многу ја сакаш“, рече пејачката.

Во септември во 2022, Даниела го ожени синот Даниел, а стана баба на внуката Јана во јануари во 2023 година.


Слични објави

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.

(Фото) Ава Карабатиќ била нападната од нејзиниот партнер во Белград: „Се плашам за мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 12 април: Рибите ќе му изразат љубов на партнерот, Стрелците ќе ја истакнат креативноста

Еспресо

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.
Се вчитува....