-3.2 C
Скопје
00:54 - 18 декември, 2025

Се огласи Вил Смит за сексот со колегата: Еве што „му напиша Џејда да каже“

Вил Смит категорично ги отфрли тврдењата на неговиот поранешен асистент Браз (Брадер) Билал дека имал секс со актерот Дуејн Мартин, неговиот колега во филмот „Принцот од Бел-Ер“.

Претставникот на Вил изјави дека наводите на Билал се лажни и дека Вил Смит немал секс со својот колега во соблекувалната. Самиот Смит ги нарече обвинувањата „целосно измислени“ и „недвосмислено лажни“.

Билал во емисијата „Unwine With Tasha K“ изјави дека пред неколку години ја отворил вратата од соблекувалната на Дуејн и преку каучот го видел „Дуејн како има анален секс со Вил“.

Билал, кој се опиша себеси како поранешен асистент и пријател на Вил Смит, детално го опиша она што тој тврди дека го видел. И тој дури ја спореди машкоста на Смит со „мал прст“.

Иако Билал не го спомна бракот на Дуејн Мартин со Тиша Кембел, со која 58-годишниот актер се ожени во август 1996 година, тој сепак ја критикуваше врската на Смит со Џејда Пинкет Смит.

Тој изјави дека Џејда го смета нејзиниот сопруг за „кретен“ и појасни дека не ѝ се допаѓаат неговите стендап настапи. .

Претходно, Џејда ги објави своите мемоари „Worthy“ и зборуваше за нејзината тајна разделбасо Вил.

Додека ја промовираше својата книга, ко-водителот на „Red Table Talk“ изјави за People дека таа и нејзиниот сопруг се разделиле пред седум години.

Сепак, во следните интервјуа, таа појасни дека тие не се разведуваат и дека ја „лечат“ својата врска.

Според Entertainment Tonight, трите деца на Вил – Треј (31), Џејден (25) и Вилоу (23) се чувствувале „многу лошо“ и биле загрижени за својот татко откако ја дознале веста за неговата „сексуална определба“.

Потоа, се огласи Џејда и ја негираше веста дека нејзиниот отуѓен сопруг би можел да има секс со својот колега.

Џејда Пинкет Смит го прекина молкот за сексуалните наводи на Вил Смит со негов колега: „Ме праша дали верувам во ова“

Твитерџии веќе се мајтапат на односот Џејда, Вил Смит и останатите нивни партнери, за нивниот отворен брак и сексуалните експериментирања. Но еден коментар паѓа в очи – „Вил го кажува сега тоа што вчера го кажа Џејда, односно таа му напиша што да каже“.

 

 

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....